Можеби затоа што немаше свои, зашто тој уште момче беше кога излезе комита и дваесет и петгодишен стана војвода чија чета надалеку беше прочуена.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
А колку убаво ни беше кога се каравме, вели, знаете кога ни пративте писмо: ״никој да не преоѓа од Пукнат Камен подолу.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го гледаа белото блескаво езеро долу пред нив сѐ до малото езеро и мрачните албански планини, ги починуваа очите на зеленилото спрострено под нив, понекогаш ќе здогледаа срна како пасе мирно и одвреме-навреме уплашено ја крева главата да разгледа дали некој не ја демне, а живо задоволство беше кога ќе се појавеше дива коза, една или повеќе.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)