Бегаме назад и се влечкаме по мев: ни се кинат колената, ни се гули кожата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Почна да бега назад, кон фрлената вреќа полна со зрна, со цел да го залаже јастребот со храна.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Гровна бомбата и се слушаат само пискотници, машки лелеци. Ајде сега бегај назад.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Што е тоа, капетане?“ прашува Метјуз. „Бегајте внатре, сите, бегајте назад на Земјата!“ извикувам.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Почнал да учи средно в град, но стално бегал назад во Долнец и недозавршил.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Знаеше оти ќе има време да го стори уште тоа, а после ќе му остане само можноста да бега назад, кон својата пилана, без да губи време.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мислата бега назад, во Гаково: Евтим, Вангел, Љуба, Каљопи, Магда, Јане и јас. Во сите и страв и надеж.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)