Кога ќе удреше ѕвонецот за јадење слегувавме во трпезаријата каде што ни даваа сув леб што го дробевме со вода; тие што имаа повеќе пари беснееја во бродот; пиеја, играа комар и одеа во кабините кај што имаше жени, кои за пари те пуштаа да си ја задоволиш душицата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ги приближуваше и ги подготвуваше и најодалечените трупци по ќошковите на таа просторија, ги прибираше пред себе како некое стадо, додека можеше да се оддели од пилата и да ја остави неа да беснее во срцевината на оној, што сега го работеше, а под неговите раце тие и по еден метар дебели трупци ги напуштаа своите места, вкопани во пилотината и почнуваа да се префрлаат еден преку друг.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)