Можеше да биде каков сака, оној, можеше да биде и еден од оние, што крадат, требаше само да ја сврти пушката кон она ѕвере, да ја насочи кон неговите ребра, или нишанејќи во нив, барем да го закачеше во задниот колк, сандакон сега ќе ни беше полн така што ќе да ги викневме нагости дури и сите оние волци надвор, и пак да остане за нас.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но остани да лежиш крај твојот патник сакан просолзи понекогаш скришум, никој да не те слушне достојна и дрска, Пенелопо древна биди каква што си... и остани верна. okno.mk | Margina #1 [1994] 53
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)