Поимот синдром по дефиниција означува збир на симптоми на една болест.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
А „еволуцијата на министерот (се однесува на британскиот премиер Винстон Черчил, б.м.) за успесите на маршал Тито во оваа војна се изненадувачки, а многу посматрачи во оваа земја веруваат дека тој ги претставува во многу порозова слика од онаа што навистина егзистира, иако нашите информации за вистинската ситуација... се неодредени“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц,
Во вашите кратки јавувања во врска со актуелните настани во Македонија, како реакции на информациите во европските медиуми, вие истакнувате дека по утринскиот фељтон во медиумите, посветен на сите зла кои им се припишуваат на кравите, свињите, овците (и на понекоја коза!), следат настаните за инцидентите на македонско-косовската граница, кои не се од посериозна природа, но кои можат да бидат вовед во криза со трагични последици за целиот регион.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Меѓу другото, печатот сметал дека искажаните пофалби во полза на Народноослободителното движење и на Тито од страна на британскиот премиер би можеле да бидат вовед во преземањето мерки за реорганизација на Југословенската влада, за да се овозможи создавање обединет фронт меѓу "владата на кралот Петар ИИ, со онаа на маршал Тито".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)