Станува збор за Законот за зголемување на вработувањето од 1997 година, Законот за поттикнување на вработувањето од 2003 година и истоимениот закон од 2006 година. 1 Од овие закони измени претрпе само првиот и тоа само еднаш. 2 Со овие закони беше направен обид да се придонесе кон решавањето на проблемот со вработувањето на одредени категории невработени лица кои потешко можат да бидат вработени.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Невработените лица кои можат да бидат вработени за да се уживаат поволностите од овој закон се следните категории невработени лица: а) невработените лица кои се евидентирани како невработени најмалку една година; б) невработените лица на кои им престанал работниот однос со отказ поради економски, технолошки, структурни или слични промени; в) невработените лица на кои им престанал работниот однос поради стечај; г) невработените лица – корисници на социјална парична помош и д) невработените лица со психофизички недостатоци (чл. 3).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
За да се олесни вработувањето на невработените лица кои потешко можат да бидат вработени, во три наврати беа донесени времени закони за поттикнување на вработувањето.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Прво, укината е одредбата според која невработеното лице треба да ги исполнува погоре наведените услови на денот на влегување во сила на овој закон, второ, овозможено е да бидат вработени на неопределено време согласно овој закон и невработените лица на кои тоа ќе им биде прво вработување и, трето, овозможено е да бидат вработени и лицата вклучени на обука, преквалификација или доквалификација со користење на средства од Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал (чл. 1 и 2, ЗИДЗЗВ).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Покрај тоа, кај квотите од првата група се постави горна граница до која странците би можеле да бидат вработени, при што бројот на странци кои можат да работат во РМ не може годишно да надминува 113 5% од населението на Република Македонија кое законски е вработено, согласно податоците на Државниот завод за статистика (чл. 5).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Измената и дополнувањето од јули 1998 година содржи три одредби преку кои се проширува опсегот на невработените лица кои можат да бидат вработени на неопределено време за работодавецот да може да ги користи поволностите од ЗЗВ.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)