Ене и не, каде одат по триесет години ергени и не можат да се проженаат, а тебе господ ти навева среќа: ошче на деветнаесетте да бидиш домаќин.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ја познава секоја стапалка шума и сето тоа го потсетува на неговото детство и среќните дни, кога таму ги пасеше овците, свиреше со кавалот и мечтаеше за својата идна среќа: како ќе се ожени, како своето прво синче ќе го води со себе да го запознае со пределите на шумата; како ќе му влее кураж да не се плаши од волците; како тоа ќе ги пасе овците и јагнињата, и најпосле, како и тоа ќе биде домаќин, како што е татко му Петко, и тој сам што ќе биде.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Освен овие двајца светски челници Тито на бродот Галеб ќе им биде домаќин на стотина други владетели и политичари, меѓу кои на Винстон Черчил, Махатма Ганди, Никита Хрушчов, Ахмед Сукарно, Хаиле Селасие, Хасан Втори, Ахмед Сукарно, Хабиб Бургиба, Сиримаво Бандаранаике, У Ну, Не Вин, Секу Туре, архиепископот Макариос и многу други.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во бродот Галеб беше планирано создавањето на Движењето на неврзаните земји на 18 јули 1958 година заедно со индискиот водач Нехру, со египетскиот претседател Гамал Абдел Насер.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ќе направиме качамак „врти-мешај“. Треба да се учиш... да бидеш домаќин.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)