- Не, бре, Јоне велам, пак ти сакам да бидеш зет, на сите свадби само ти да бидеш зет, велам, и се иставам. И вистина не го лажам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дошло момчето кај царот и коа чуло тој збор, му се поклонило до земи и му рекло: - Ви благодарам, честити царе и честити царице, на таа голема чес што ми ја чините вие мене, арно ама јас се гледам за недостоен да ви бидам зет, чунки сум од долен род, да затоа ќе ве молам, ако је возможно, да не биди, за после да не ви е мака.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Слушај, Костадине! Ти си млад. Уште леташ. Ако рекол господ да ми бидеш зет, сакам отсега да бидеш поумен. Не да леташ како ластовица.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Немој после лошо да се рече!... (Влегуваат прво Симка и Костадин, а потем и другите). (ЗАВЕСА) ЧИН ТРЕТИ слика прва (Кај Костадиновци) по женидбата.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Се покажува дека една практична работа, како што е јазикот, не била пречка Пандил да му биде зет на Вангела, но доколку се работело за различна вероисповед, тоа ќе било невозможно или, во најмала рака, неприфатливо.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Ако си, момче, ти од долен род, ние ќе те напраиме од голем род, чунки ти работел тебе многу к'сметот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Сега пак, кога си овде, многу ќе сум радосен да ми бидеш зет, Петре.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
РИСТАКИ:: Е, само така можеш да ми бидеш зет.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)