Немаше тука бирање со кого ќе се дружиш и дали ти биле по мерка, дали биле од оние типови што ги цениш и што би сакал да ти бидат пајташи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За да си најдеш сексуални партнери, мораше да се фатиш за некоја од институциите на машкиот геј-друштвен живот: баровите, бањите, Црквата на метрополската заедница, месната деловна геј-асоцијација, геј-моторџискиот клуб, геј-хорот, некоја од политичките геј-организации или групи за притисок.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тоа значи дека беше изложен на многу разновидни идеи за тоа што значи да се биде геј и на многу разновидни стилови на геј-живеење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Имаше да заоѓаш со рајата што се збираше на геј-настаните онака како што ќе те снајдеше.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во голем број од тие друштвени окружувања, особено во сексуалните иснтитуции како што се баровите и бањите, сигурно ќе сретнеше секакви луѓе со кои никако не би се запознал во сопствените друштвени кругови, како и разни луѓе со кои не би ти ни паднало на памет самиот да се запознаеш, па и куп луѓе со кои никако не би сакал да те најдат ни мртов, да беше до тебе.
Ама не беше до тебе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)