Сакаше, како што Мојсеј повел еден народ кон слободата на ветената земја, да го поведе човечкиот род кон ослободување на Јас, кон ослободување на човековата суштина од оковите на потиснувањето и од мрачните понори на несвесното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа го очекуваш ти по својата смрт: да бидеш пророк над пророците – не еден од оние кои кажувале што ќе биде со човекот на земјата и над земјата, туку што е во него, и што може од него да биде, и што ќе биде според она што во себе го има, не знаејќи дека го има.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А ти, можеш ли да бидеш пророк?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И ти уште сега, уште жив, се храниш од таа бесмртност, горделив, надмен, од некое друго место ни ја досудуваш смртта нам, на смртните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Беше Едип, беше Каин, беше Ное, а во оние желби кои не сакаше да си ги признае посакуваше да биде пророк, и затоа им го одзеде Мојсеј на Евреите – самиот тој сакаше да биде единствен, ничиј, самороден, па таков си го претставуваше и оној што од луѓето беше прогласен за она што самиот тој, брат ми, сакаше да биде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)