- Дојдени сме како пријатели но можеме и да ги запознаеме вашите закони.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во далечина се лелеел предаприлски воздух и можел да биде река на стопена срма, тек на проѕирни настани од волшебна приказна од која во душите ѕвонат танки жици на тага по нешто што било и што не ќе се повтори веќе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сакам да бидам река, една жена со бело шамивче околу вратот секоја квечерина шета долж реката и пее хаику: О, цветови, слушам што ми зборувате: ние не цветаме за стари...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
2.
Кликни навреме
Дрворедот стана необичен:
така се раѓа светот, помислив
така се ствара третата стварност
на сенките, на сенките
на сенките...
Биди река, набљудувај
зумирај, дебни!
Тука е она кое обично не е тука.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)