Ќе бидам кај клупата под сато во 18 часот. Срдечни поздрави, Томаица“ и веднаш го викна Васе да отрча и да му го даде писмото.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
До овој саат фиљан ќе биде кај нас на гости како при тетка, а од тој саат натаму му се знае — главата негова ќе оди на местото од парите.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
И навистина во моментот инаку и не можеше да биде кај народ кој спие петстотинигодишен сон, без национално и општочовечко сознание, каков беше македонскиот, односно мариовскиот селанец во крајот на XIX век.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Подгледнуваше само на часовникот и бараше да побрзаме; рече дека треба да бидеме кај мостот и тунелот пред седум и триесет, затоа што тогаш минува експресот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И мажите еден по еден се оддалечуваа, доаѓаше часот кога требаше да бидат кај мостот, во продавниците, и да ја продолжат никогаш незавршената политичка кавга за овега и за онега, за националните и за либералните, за правите и за кривите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)