За да те врати во светлината на денот... За да биде покрај тебе.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
А јас ќе бидам покрај вас и ќе го следам вашиот развој.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
„Требе да се бара чаре, Нешка да си остане крај мене! — си велеше таа со умот — и како инаку, ако не да си го прибериме ние со Илка браче Трајка, та едно дете на едниот мал, другото на другиот, да ни бидат покрај нас".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Некогаш го јадам, ама и ако не го јадам, доволно е да биде покрај мене! –ми ги покажа малите лукчиња нелупени, едно до друго стуткани, во шамивчето.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сакал духовно да ме згрижи, па го правел она што можел - бараше да бидам покрај него додека траеше радио концертот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)