биде (гл.) - ваков (прид.)

Никогаш не сум мислел дека бидувањето геј, само по себе, ми налагало да бидам ваков или онаков, да ми се допаѓаат некои нешта, да уживам во одредени активности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јас не сакав да бидеш ваков. Не сакав вака да излезе. Зошто излезе вака? Зошто си ваков?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Беа двајца пријатели и беа создадени за да бидат вакви цели во себе и сами и судбината како да ги имаше одбирано за да ги сретне еднаш, во еден ваков ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нема ништо да смениш, готово е сѐ, него веќе го нема, не знае ништо, не чувствува ништо, но, сепак, не би сакал да бидеш ваква, сигурно.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Да знаев дека ќе бидете вакви, многу побргу ќе ви дадев да јадете.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не! Ќе трае и во моето и во твоето колено и во колената на колената наши се додека ќе бидеме вакви, без дома, или, како што се вели на митинзи и свечености – без татковина...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
23. АКО ИМАШ ЌЕ ТИ ЗАВИДАТ, АКО НЕМАШ ЌЕ ТЕ КУДАТ - и обуен и бос, значи, ќе нагазнеш врз шилести клинци, биди ваков или онаков сеедно ќе си под тој удар - сѐ на страната обесчестена во тој морален лринцип...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)