биде (гл.) - внимателен (прид.)

- Зошто треба да бидам внимателен? - праша Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Туку треба да бидеш внимателен...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Само? - рече Гоце и го погледна во очите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гоце му ја даде раката на Даме и му рече: - Штом си таков смилевец, вечер ќе одиме на едно место и ќе се запознаеш со многу работи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Балканската историја е пишувана со сите зборови на народите, добри или зли, треба да бидеме внимателни со зборовите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разбира дека ќе бидеме внимателни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога мама виде дека неможе да го спречи да оди силно го гушна и му рече - Те молам сине пази се, биди внимателен.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Само на крај ми рече да бидам внимателна зошто имаме многу душмани, а кога ќе дојдам во Западот ќе имаме уште повеќе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Утредента го побарав, сѐ уште се трудев да бидам внимателна, без разлика на сѐ.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Беше тоа типичен претставник на својата епоха: носеше зимски капут од чоја, необично долг и широк, темносин шешир од филц со спуштен обод, широки пантолони со високи манжетни и светли плитки чевли, воочливо слични на ортопедски; околу вратот поради некоја причина му висеше кинески пешкир.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Судејќи според изразот на лицето, тој беше интелектуалец, иако, од друга страна, требаше да се биде внимателен поради густата брада што оддалеку потсетуваше на иње и очигледно беше одвратна за допирање како тркалото за острење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Та нели ѝ бев личен курир на Рада. - Биди внимателна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додаде: „Биди внимателен... Те молам!“ му рече таа по една мала пауза во текот на којашто не го тргна погледот од него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И биди внимателен, не зборувај премногу за тепачки, банди, карате и кунг-фу, тоа на девојчињата не им се допаѓа премногу.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Според неговиот резон, требаше да бидам внимателен, да не се наметнувам пред големите сили кои имаат историски влијанија и право врз малиот Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Навикнат да го напуштаат (сите, дури и брезата), реши да биде внимателен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А тоа го велам за да ви наприпомнам: помагајте му и бидете внимателни спрема него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Биди внимателен кон неа, за да поживееш подолго на земјата, зашто навистина ја носиш со себе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Внимавај, патент - бравата се затвора автоматски. Биди внимателен!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
– Добро, добро сте сториле – продолжи татко ми. – Но бидете внимателни во иднина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Па, ве молам, кога ќе дојдете кај нас, бидете внимателни и сериозни.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ве молам бидете внимателни и сериозни. Не заборавајте да си ги исчистите чевлите!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Биди внимателен со децата. Не би било добро да дознаат за сето тоа.“ „Ќе внимавам.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)