Вие, за сите други овде, ќе бидете единствениот социјалистички судија кој не е партиец а, згора на тоа, и со неодамна решен емигрантски статус.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Вие, засега, ќе бидете единствениот судија кој не е од партиските редови.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Се прикажуваат како она што не се, ги штитат интересите што не се интереси на воспоставување снажно, објективно, културно јавно мнение - а тоа би требало да биде единствениот нивен интерес: со своето постоење да ја елиминираат силата како аргумент.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Овие песни го ловат својот СОЗДАВАЧ, а притоа му ја смалуваат можноста за интервенции, зашто она што ги прави да бидат единствни е нивната затвореност токму за дополнителни интервенции.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
И кога ќе ја осетиш на својата кожа болката и неверството, јас ќе бидам единствената на која ќе помислиш кога ќе ги затвориш очите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ако заплачеш за нас заплачи, ако се молиш за нас помоли се, ако простуваш прости ни на двајцата, ако сонуваш сонувај не заедно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кој да замисли, поверува, почувствува: ми се подготвуваше претставата на најапсурдната варијанта на балканската театарска драма во која требаше да бидам единствениот травматизиран главен актер и гледач!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Сакаш да стокмиш сценски приказ во кој ќе бидеш единствен актер?
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Беше Едип, беше Каин, беше Ное, а во оние желби кои не сакаше да си ги признае посакуваше да биде пророк, и затоа им го одзеде Мојсеј на Евреите – самиот тој сакаше да биде единствен, ничиј, самороден, па таков си го претставуваше и оној што од луѓето беше прогласен за она што самиот тој, брат ми, сакаше да биде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сакаше, како што Мојсеј повел еден народ кон слободата на ветената земја, да го поведе човечкиот род кон ослободување на Јас, кон ослободување на човековата суштина од оковите на потиснувањето и од мрачните понори на несвесното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)