На бегалците им беа издавани и нови документи со променет идентитет и веросиповед.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Да предадеш, значи да бидеш загубен уште истиот миг. Во мугрите, во присуство на Карер и уште неколку негови луѓе од доверба, ги свика свешениците и епитропите и со нив се договори, по другите гратчиња и по селата на островот, најитно да се подготват прифатилишта за Евреите во домовите на заможните домаќини.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Историските околности неминовно водеа до загубувањето на Србија за Бугарија во корист на Немањиќевците и на српството, прво во политички, а после и во национален однос; а историските околности создадени од Берлинскиот договор направија Македонија да биде загубена за Бугарите, прво во политички однос, а после и во национален.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)