биде (гл.) - задоволен (прид.)

Тогаш ќе биде свршено и јас ќе бидам задоволен.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Признавам дека ќе бидам задоволен кога ќе умирам, ете тоа е вистината.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но, тоа не се случило.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Последниот обид на Запад да го задоволи Хитлер бил Минхенскиот договор со кој се мислело дека ќе бидат задоволени претензиите на Германија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Незадоволен од самиот себе, не можеше да биде задоволен и од другите!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А таа беше задоволна кога и нејзината партија беше задоволна и кога таа иста партија ќе ѝ кажеше дека треба да биде задоволна, затоа што на општо задоволство ја извршила партиската задача. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Убеден сум оти ќе бидете задоволни, зашто ќе ви ја ишка грижата и тагата од челото, ќе ве заспива и ќе го чува сонот од мора и морничавост, од натрапници, од нечисти мисли, од вампири и зли духови, од бајачи и уроци, од сонокрадци, зашто нема ли сон, човекот е мртов.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Револуцијата стана и иако има најужасни последици за нас, пак даде некои благодатни резултати со коишто можат да бидат задоволени нашите борци за национална слободија: тоа се Мирцштегските реформи3, кои ќе бидат раширени спроти нуждите што ќе се покажат со време.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако овој долг се осознае, ако обединувањето на нашата интелигенција со бугарско, српско и грчко образование се постигне, ако се парализира работењето на пропагандите и се успее тие сосем да се отстранат од Македонија, ако се установат добри односи кон сите македонски народности и се подобри политичката и материјалната состојба на Македонците, тогаш, при сите дадени жртви, ќе можеме, покрај другото, да бидеме задоволни од едно: востанието ни ги отвори очите за грешниот пат по којшто одевме досега, по којшто ќе одевме и за напред, и без востанието сами ќе подготвевме почва за дележ; тоа ни ги отвори очите за многу наши нужди што и не ги претпоставувавме понапред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Текстот го пишувам за да им кажам на чинителите на претставата „Да живее, живее трудот“, премиерно изведена неодамна во Атеље 212, Милан Марковиќ и Ангелка Николиќ, дека треба во целост да бидат задоволни од изјавата на управата на театарот: „Оваа претстава не треба да ја критикува власта и политичарите, туку треба да се занимава со малите луѓе“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Требаше да бидат задоволни, но нешто во воздухот околу нив мирисаше на незадоволство.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
- Сѐ што вашата милост ќе даде, од сѐ ќе бидам задоволна.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Значи, ти можеби, и месо ќе посакаш?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дури есента, кога тргнуваа да си одат назад, кон дома, со сите кираџии, што ги товарија нивните алати и сѐ друго нивно од бараките, а зад себе оставаа една нова петокатница во градот, неа можеа сега да ја гледаат и да бидат задоволни од тоа каква беше бела и воздушеста, дури есента, кога го оставаа тој град, разубавен со уште едно нивно здание за векување, тој бел град некаде по белиот свет, по нив се забра и еден испокинат младич, кој по многу нешто личеше на сите деца, што се среќаваат по станиците, бос и сам, држејќи го постојано растојанието меѓу тајфата и себе толку големо за да не може да го достаса никој, кога би се пуштил назад да го фаќа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше еден огромен самјак, еден таков, за кој долго се прикажува, замина нагоре, решен да му ја вади душата уште со едно прогонување, а можеше да биде задоволен со тоа, што сега не ќе може да му ја измеша дирата со некоја друга дира, што ќе ја сретне, затоа што тој беше бележан, и тоа добро бележан, како што се чинеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа и задоволни, онака како што се може да се биде задоволен по некоја ужасна смрт, на која ѝ претходела уште поужасна болест, од тоа што веќе нема да го гледаат Големиот Ристана како го влече својот плач по нивните темели со раскрвавените палци на нозете.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Арсо сакаше да биде задоволен дека сепак неговата немоќ е корисна за Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За чудо уште верувам во тоа дека јас и Бојана ќе го турнеме Стојан од својот престол... или да си бидам искрен пред себе си – сеедно ми е како сето ова ќе заврши... господе само немој да им наштетат на мајка ми и на татко ми... ако работите тргнат наопаку белким ќе бидат задоволни со мене и мојата смрт... * * * - Бојана мора малку да го потсредиме нашиот гардист.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Му ја предаде со презир: „Со пудлицава ќе бидеш задоволен...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во принцип, воениот напор се планира така за да го изеде секој вишок што би можел да постои откако ќе бидат задоволени најнеопходните потреби на населението.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш сите ќе бидат задоволни.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ќе бидете задоволни.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Треба да бидете задоволни дека вашето име изборило место дури и за еден вид покана.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Чудно му се превртуваат...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дури тогаш ќе бидеш задоволна!... Ах!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Заради тоа што индивидуалните интереси не можеа да бидат задоволени - тие бараа колективен напор.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но начинот на којшто денес се задоволуваат индивидуалните интереси не ја промовира колективизацијата на интересите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Му треперат во орбитите...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Успевајќи во својата книга да ја реализира оваа висока цел, авторот може да биде задоволен од себеси зашто со ова дело се дава неспорен придонес на современата мисла и книжевности во Европа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)