Ергените, од секое домаќинство по еден, токму оној што се замомчил и требаше да се покаже, или оној што требаше да избере и да биде избран од некоја од момите, за наесен кога ќе започнеше мрсот, да се ќердосаат, дотука вода во калта, искусните домаќинки, за радост на бабите и децата, поседнати наоколу, ги виткаа црепните, сосетките одговараа: - Не ми се криви нозете, не ми е земја грутлива, туку ми лудо намигна, туку ми умот поштукна, зато ми се црепни - црепутки. - Ихии!...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Значи, еден Македонец од Источна или од Северна, или Јужна или Западна Македонија нема право да се противи да биде избрано централното македонско наречје за литературен јазик само затоа што не му се чинело убаво.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Вечерта, пред зајсонце, домаќинствата се собираа тука.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А заклучокот е дека и во фармерките и тексас јакната сте исто толку убава како онаа вечер, за која ви реков дека ќе бидете избрана за кралица на убавината.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)