Луѓето се создадени за да креираат љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Грмна тука од секаде посилно да го слушнат каурите – пазарџии – и повтори на сите четири краишта, а потоа отиде на средето каде што беа насобрани десетина-петнаесет сејмени со еден буљукбаша. – Овдека, овдека ќе бидат изгорени, испечени, на ова местоооо! – се провикна и ги виде најревносните пророкови синови каде носат, не заграби или цепаници, ами товари суви буковици.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Без да се помрднете се надевате на кратки напади на животна страст и откога че си го дозволите луксузот да потрошите уште едно ведро утро во жалење кога ќе се случат незнаете да ги задржите, немате ни сила, затоа што се плашите пак да не бидете изгорени на истата рана.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)