биде (гл.) - исполнет (прид.)

Но веќе одамна се нема ништо исполнето ни случено, но да се надеваме дека утре светот ќе бидам подобар.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Луѓето се посиромашни од кога и да е, но со големи идеи кој го чекаат денот да бидат исполнети.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Човек како мене толку сензитивен и посветен, може да биде исполнет најмногу од уметноста и науката, затоа што само тие како децата можат да се сакаат безусловно и секогаш на истото ќе ти одговорат со дупло поголема љубов, ако ги сакаш и негуваш на вистинскиот начин.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Просветли ги оние што треба да ми дадат совет, зборовите да им бидат исполнети со милосрдие и мудрост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Првата измена и дополнување е донесена во 2010 година.69 Од аспект на работничките права овде е значајно дека основните услови за работа и вработување на привремените агенциски работници кои ќе бидат исполнети за времетраењето на нивното отстапување кај работодавачот корисник, се истите оние услови кои би се обезбедувале доколку работниците би биле вработени директно од страна на истиот работодавач за извршување на истата работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ако тужениот не поднесе одговор на тужбата во определениот рок, судот ќе донесе пресуда со која го усвојува тужбеното барање [т.н. пресуда поради неподнесување на одговор на тужба], но само ако бидат исполнети следниве услови: 1) на тужениот тужбата и поканата за давање одговор на тужба му биле уредно доставени; 2) основаноста на тужбеното барање произлегува од фактите наведени во тужбата; 3) фактите врз кои се заснова тужбеното барање не се во спротивност со доказите кои тужителот ги поднел или со 294 општопознатите факти и 4) не постојат општопознати околности од кои произлегува дека тужениот од оправдани причини бил спречен да поднесе одговор на тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако тужениот го оспорува тужбеното барање, во одговорот на тужбата е тужениот е должен да ги наведе фактите врз кои ги заснова своите наводи и доказите со кои се утврдуваат тие факти.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со одговорот на тужбата, тужениот е должен да ги приложи и исправите на кои се повикува, ако тоа е можно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во нациите каде што религиозните или партизанските политички групи ги контролираат екраните за да произведат параноја, луѓето ќе бидат исполнети со страв, бес и морално насилство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во последните десет години, Исламските држави и САД ефективно ја достигнаа оваа точка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Производството и дистрибуцијата на евтини комуникациски алатки и софтвер ќе биде од огромно значење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)