Дајте друго име, па сите да бидеме мирни.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тој и седнувањето за јадење не го сакаше, зашто тоа бараше барем за момент да биде мирен.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Дури ќе бидат мирни, нека се врткаат вадева, ќе му се носи потроа леб.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ронка леб нема, а и оружјето долу.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Биди мирна, биди кротка! - шепотеше Бојан, настојувајќи да ја смири, трудејќи се животното во неговиот глас да насети добронамерност.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се враќа после десетина минути со долг, долг партал; имено, тоа е импровизирано јаже направено од многу кравати врзани една за друга.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
-Биди мирен - вели Фјодор приоѓајќи му на својот пр. сликар.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Човек понекогаш мора да си го направи ќефот, за потоа некое време да биде мирен. Како бубалка во влечки.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Или пак да им се дадеш еднаш на оние таму, барем ќе си бидеш мирен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Речиси почнувам да заборавам дека може да се живее единствено од трудот на своите две раце и да се биде мирен и задоволен. Јас сега заборавив што е тоа мир и задоволство.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Уф..., - рече бригадиорто Језекил. - Само дали ќе остане до утре, или да појдев да наѕрам. - Биди мирен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И не се излажа; само што стигна на нивата, од кај селото се зададоа на коњи шесмината вооружени Турци, а пред нив, со пушката в скут, јаваше Мусли бег. кога стигнаа Турците на само дваесетина метри од жетварите, Дамче, откако им даде знак со рака на своите да бидат мирни но и на штрек, сам се испречи пред Турците, викна: Се лутиш, Мусли бег, су ти го удрил внукот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ако бидете мирни и дење, како кога спиете ноќе, нема да има колење.“
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе му кажам дека не го колам. Ако биде мирен не го колам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ти оди по овој пат, јас по оној. Ако дојдеш до него, биди мирен. Јас ќе дојдам близу.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не бргу, во секој случај. – Каде ќе го скриеш? – прашав. – Знам едно место, – рече тој. – Пред колку време си го украл коњов? – прашав.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
После еден ја отвори устата: „Не брбори, Исусе. Биди мирен и не брбори.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Го ослободија од платнениот оклоп и го внесоа во бела самица со последен совет: „Биди мирен, Исусе. За твое добро.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Зглобовите крцкаа, жилите се затегнуваа до прскање. „Биди мирен“, рече едниот горило. „Биди мирен и умен.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Левиот од него рече со непроменливо лице како да говореше од стомакот: „Биди мирен и умен. За твое добро?“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се чувствуваше слаб. Од коските во неговите нозе како да остана само прав. „Ајде“, му рекоа „И биди мирен. Те чека нашиот шеф.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не рече да бидам мирна, да не се плашам, бидејќи е тој, Симон.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Па како да бидам мирна кога знаев дека помеѓу сите тие срамни настани и татко ти се рашетува во оној негов генералски шинел украсен со толку многу медали и одличија?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Од друга страна, експертите на Министерството за надворешни работи не можеле да бидат мирни што во советскиот одговор од 10 јануари 1945 година отсуствувал одговорот на прашањето за нивниот став во врска со активирањето на идејата "во поглед на Голема Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од тие причини, Министерството побарало од британскиот амбасадор во СССР, Арчибалд Кер, да стапи во контакт со Советската влада и да се информира за советскиот став по тоа прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Ех, мајче... стегни душја, додржи... Кураж. Уште малку и ќе го снема сонцето што така нѐ пече, ќе се смрачи, а тогаш ноќта ќе биде мирна... Ајде, оди по мене...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Занемари го своето тело, отфрли ја од себе можноста за гледање и слушање; заборави што ти е заедничко со нештата; одржувај голема сличност со хаосот; разреши ја свеста; ослободи го духот; биди мирен како да немаш душа.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
- Бидете мирни - рече Даскалот. – Мирни и никој од местото да не сте мрднале. - рече и отиде кај вратата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Што не учел преку целата година како јас, па да си биде мирен и да си ги брои петките, а не сега, на крајот му текна?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- А кој ти рече тебе да се занимаваш со тие работи, а?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сакам да ти кажам дека можете да бидете мирни, вашиот син е паметно момче и не паднал под лоши влијанија. Јас проверив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)