Туку шуќур си велам денеска што е недела Па поповите имаат венчавки и крштевки И немаат време за визитации на коали и други сонувачи На сон поп ако ти дојде ќе ти напраи триста лошотии На сон владика или поп и за ѓаволи се веруваат А богами не се чуло дека и на јаве ги есапат за ангели Така барем велат дојденците од Македонија кои своите попови Повеќе се среќаваат по судови одошто по црквите За да расчистат како може тоа што народот го изградил Да не биде народно ами попово И како може некој да биде овчар ако нема стадо И многу имотно-правни а не духовни работи Расчистуваат македонските попови по австралиските судови
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
А вие, ако погрешите, нема да имате време да се оправдате пред партијата зашто со направената грешка ќе бидете народни непријатели.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кој ли ќе биде? Кузе или Лазо? Тие ли ќе бидат народната власт.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Јас беснеев, оти Земанек ме напушташе, не застануваше на моја страна; во еден миг, ја искористив тишината и, за да ги повредам и Земанек и Луција, реков: „А можно ли е барем паузата да не биде народна, туку меѓународна?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)