Исправи се во април, а јас ќе отпатувам во Белград, понеси ги со себе сите песни на Здравко, а во мај ќе бидам невеста во розов фустан, таков сонував од мала... потрај како мај, барем 31 ден, те молам, за да бидам најубавиот јуни кога ќе бидеш летало од радост, зашто ќе ти кажам дека ќе станеш татко.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Нешто се тресе во водата ладна стружанка млада широкоградна камен од бубрег во бешика спадна голем ко орев го измочав падна Во Струга сакам и плажа да имам да не плаќам данок пари да зимам езеро чисто јас да благословам нелегално пастрмки со мрежа да ловам Оф леле леле либе ле Дримот ги лади јајцата две виршлата веќе одамна се свари за тебе ќе пишам на старост мемоари Донеси либе пиво од туба да заблажам душа и слатко од дуња облечи вечер свечена руба од сите ороспии да бидеш најубаа
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Грета: Никогаш нема да бидеш најубавата девојка, Тики!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сакам моето маче да биде најубаво.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Тики: Но како кога мојата козметичарка е на меден месец!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И замолкнаа старецот и детето, се преселија за малку во мислите во тој иден, убав летен ден, кога планината ќе биде најубава, кога ќе биде украсена со сите бои на ѕуницата, озвучена од грлата на сите птици и позлатена со сончевина.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)