биде (гл.) - отпуштен (прид.)

А доколку не беше покренат првичниот спор, оние работници кои тогаш беа планирани да бидат отпуштени како технолошки вишок, денеска ќе беа без работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По обавеното информирање и консултирање, работодавачот е должен писмено да ја извести службата надлежна за посредување при вработување, поради помош и услуги од посредување при вработување, каде ќе бидат инкорпорирани и ставовите од претставниците на работниците, како и вкупниот број на работници и причините поради кои ќе бидат отпуштени.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Но, оваа тужба судот ја одбива како неоснована!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Билансот на владите предводени од СДСМ во однос на работничките права Во време кога на власт беа коалициите предводени од СДСМ дојде до следните позначајни намалувања на работничките права: •  1993: укинување на обврската за осигурување на приправниците кои вршат волонтерски работи (Закон за работни односи); •  1993 и 2005: намалување на времетраењето за коешто отпуштениот работник како технолошки вишок имаше приоритет при вработувањето кај истиот работодавец (Закон за работни односи); •  1993, 1997, 2003, 2005 и 2006: драстично намалување на времето за кое се исплатува паричниот надоместок за невработените лица (Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност); •  1995: воведување можност за отказ без отказен рок (Закон за работни односи); •  1995: намалување на должината на отказниот рок (Закон за работни односи); •  1997, 2003 и 2005: намалување на износот на испратнината за лицата прогласени за технолошки вишок (Закон за работни односи); 194 •  1998: воведување на можноста за намалување на деветмесечниот период на породилно отсуство (Закон за работни односи); •  1998: овозможување со колективен договор на ниво на работодавец да се пропишуваат помали права од правата утврдени со грански колективен договор (Закон за работни односи); •  1998 и 2005: воведување и зајакнување на субјективните преференции на работодавецот при одлучувањето кои работници ќе бидат отпуштени при технолошки вишок (Закон за работни односи); •  1998: укинување на судската заштита при прогласувањето технолошки вишок (Закон за работни односи); •  2003 и 2005: пролонгирање на времетраењето и опсегот на работниот однос на определено време (Закон за работни односи);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Билансот на владите предводени од ВМРО ДПМНЕ во однос на работничките права Позначајните негативни промени во законската регулатива до кои дојде за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ се следните: •  2000: проширување на претходно воведените субјективни преференции на работодавецот при одлучувањето кои работници ќе бидат отпуштени при технолошки вишок (Закон за работни односи); 196 •  2000: укинување на можноста да се оствари право на старосна пензија само врз основа на остварен стаж (Закон за пензиско и инвалидско осигурување);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На газдите им се проширени претходно воведените субјективни преференции при одлучувањето кои работници ќе бидат отпуштени како технолошки вишок, а на тие работници дополнително им е намалена основицата за пресметување на испратнината!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, оваа ситуација се промени со измените од 1998 и 2000 година: •  измените од 1998 ја воведоа можноста работодавецот, „самиот“, и како негово „право“ (!?) – слично како во раниот капитализам, познат по бруталната експлоатација, да утврди кои работници ќе бидат отпуштени како технолошки вишок – кога се отпуштаа помалку од 20 работници, или најмногу до 20% од вкупниот број вработени (чл. 6, ЗИДЗРО/98).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)