Вечната клетва секогаш ќе те стигне Во секое време, низ животи многу Одлучи понизен да бидеш пред Свјатоме Богу И секогаш во предност пред другите ќе идеш Ќе бидеш признат, ќе бидеш свиден Ќе бидеш благословен и можеби некој иден Наш спасител, месија пратен Од народот свој по барање вратен Нови надежи да донесе во земјата ветена Неомеѓена, единствена, осветена! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
XIX Судбината сакаше да се најдам близу Јасер Арафат во Картагина во текот на четири години како прв амбасадор во државата Палестина, која симболично ќе биде еднострано прогласена во 1988 година и ќе биде призната повеќе симболично отколку реално, од стотина земји.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше и остана татко на една цела клучна фаза од палестинската историја. Палестинците не му рекоа збогум на минатото откако замина Арафат...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)