- Да бидам проклета, господи, и никогаш радост да не видам ако го пуштам и Кирча да оди во туѓина, во црн гурбетчилак.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Веднаш побарал да се собере сиот лук и рамномерно да се подели меѓу луѓето, по десетина главички на човек.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не верувале во можноста да бидат проклето соочени со нов непријател, најподмолен од сите што ги познавал човечкиот род, но со искривени муцки џвакале лута белина и трепкале со засолзени очи - најпосле Онисифор Проказник е тој што треба да се слуша и тие нема зошто да се бунат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)