биде (гл.) - различен (прид.)

Во зависност од тоа како се има развивано еден народ, и неговиот јазик и правописот може да биде различен.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да бидеш различен од околината претпоставува дека и таа е различна од тебе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Татко изучуваше повеќе права на Балканот кои, по падовите на империите, се мешаа, се комплицираа, сакајќи да бидат различни, но, во основата, ја задржуваа истата човечка потрага по правдата и по правичното.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Според она што го зборуваат, сѐ зависи од таблетата. Ако вечерта била убава, тоа е затоа што таблетата била добра.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Срање. Можеш да ја земеш истата таблета 100 пати и таа 100 пати ќе биде различна. . . и тоа е прекрасно!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Татко ми велеше: „Маж во куќа, тоа ти е неопходно зло - за да се замешаш во народот и да не бидеш различен по таа основа“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Неколку оригинални Dr. Ackerman цитати: (...) Како што и досега видовме, причините за употреба на псевдоними можат да бидат различни.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Да сумираме, она што философијата може да го направи за да ја ослободи малку нашата имагинација е сѐ за политичкото добро, бидејќи колку е поголемо ослободувањето на сегашната имагинација толку е поверојатно дека идните општествени практики ќе бидат различни од минатите практики.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)