Психијатарот, ги крена рамениците, погледна кон часовникот за да биде сигурен дека времето предвидено за нивната сеанса заврши, а во мислите му се роеше идејата дека секогаш ќе има работа за таквите како него!
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
На секој круг погледнувавме нагоре за да бидеме сигурни дека е тој тука и ќе му мавневме со рацете.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Само кога бевме со него тој беше спокоен.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тој одговор е избрзан бидејќи иако на таа стварност ѝ недостасува густина, можеме да бидеме сигурни дека во иднина техниката ќе биде способна точкастите елементи да ги прикаже токму со онаа густина што нештата ја имаат во нам дадениот свет.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Штом го сретнав Банета, некаква остра интуиција, иако не можев да бидам сигурен, ми потскажа да го прашам: „А вие така - ми ги подметнавте твоите стари чевли!“
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Што туку расправаш, - рече син ѝ. - Главно ќе бидете сигурни оти на чисто спиете.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
При тоа телевизијата е постојано on-line, хипер-реален виртуален свет, во којшто живеат мали телевизијци, луѓе за коишто никогаш не можеме да бидеме сигурни дали постојат во нашата стварност или не.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тој мора да биде сигурен дека неговата мајка го сакала едноставно затоа што постоел, не заради она што можел да го стори.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тогаш ќе можев да бидам сигурна дека таква ќе ме сакате.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Дури и кога би излегол од салонов, да отидам до Пјеро и да го разоружам, пак не можете да бидете сигурни дека ќе послушам.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Питон: Можеме да бидеме сигурни дека за десет минути ќе бидат овде.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Направете го тоа според сопствената совест и бидете сигурни - сеедно ќе згрешите! La Voce, на италијанските гласачи
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Па дури и тогаш не може целосно да биде сигурен во неа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Или, кажи ми ти другар“, наеднаш без причина се вознемири Таша, „мајката пред својот син во какво небрано лозје ќе се најде ако мора да објаснува дека таткото можеби веќе и не постои.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во расветлувањето на тајната, што не беше спремна да ми ја открие, не ми помогна многу ни прашањето што уследи, бидејќи и тоа беше исполнето со двоумење: „За да можеш да се наречеш нечиј син зар не е поважно да бидеш сигурен дека таткото ти е спремен да те прифати?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
ИВАН: Кога би можеле да бидеме сигурни во него!?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Сакам да бидам сигурен дека не се однесува за мене и дека не ми се готви реприза на случката со Кирил Ацев.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Инаку за никој од нашите пријатели немаше да бидеме сигурни дека умрел.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Иако програмот може да ги воспроизведува податоците, истражувачот сепак не може да биде сигурен дека тоа е и најкусиот програм, а ако податоците се доволно сложени не може да биде сигурен ни во тоа дали воопшто се доближил до најкусиот програм.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Не постоеше причина сега да не биде сигурен во неа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јас заминав по тебе и ти си таква за да бидам сигурен дека ниеден друг не би се решил да го стори тоа, но сега веќе ти никако не можеш да ме натераш ни да помислам дека постои и назад.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Еднаш нешто му просени во погледот, но тој веќе не можеше да биде сигурен дали тоа беа тие, или пак само една игра на снежната ткаеница, а веднаш потоа не беше сигурен ни дека постоело некакво просенување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од она надвор тој знаеше што може да очекува, но тој воопшто не можеше да биде сигурен во она, што можеше да се случи тука, крај него, во собичката.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Ќе се појави тој, биди сигурна - оваа убавина не може да остане незабележана, само слеп би можел да ја одмине, беше упорна Роска.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Не биди сигурен во тоа! Обично сакам да газам по негазени патеки, кои другите тешко би можеле да ги следат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Не е од досада и бес, Алек биди сигурен во тоа.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
- Никогаш не сум гледал порнич со дебелата Симона во главна улога. Биди сигурна во тоа.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Акакиј Акакиевич сè уште се залагаше за поправка, но Петрович не го дочу и рече: „Ќе ви сошијам јас нов, задолжително, бидете сигурен во тоа, ќе вложиме напори, ќе вложиме.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тогаш на жената ќе ѝ биде сигурна заработката, и тоа за цел живот, зашто грижата за сакатите е вносно занимање. Има мајки и мајки.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Изградбата на Ајфеловата кула беше прекрасна и многу важна работа. Денес, тоа тешко може да се сфати.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И веднаш пред да бидам сигурен дека сум слушал и сум видел нешто, визијата се распливна, ослободи простор за ноќта на која не можев да и избегам.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Она што прави да бидам сигурна во себе и да се почувствувам жива. ***
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Јас не можев да бидам сигурен за вистинските причини на доверливата отвореност, длабока искреност и непосредно пријателство на големиот палестински раиз, кога и самиот бев на крајот на мисијата на една земја на која се наѕираше блискиот крај.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ветуваше дека ќе остане докрај верен на своето мирољубие, до своето конечно враќање и владеење во Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сакав да викам од прозорецот, но ми текна што ќе речат: какви се овие партизанките.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ме победи, а потоа се смири како да се кае, сакал да му бидам сигурна.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Винстон не можеше да биде сигурен - дури и по средбата на нивните погледи тоа утро беше невозможно да биде сигурен - дали О'Брајан е пријател или непријател.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како да биде сигурен дека сето тоа е обична измама ?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Освен ако не страда, како можеш да бидеш сигурен дека ѝ се потчинува на твојата волја, а не на неговата сопствена ?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дури и кога е сам, никогаш не може да биде сигурен дека е сам.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше невозможно, и покрај бескрајните апсења и признанија и погубувања, да се биде сигурен дека Братството не е само легенда.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Да можеше да биде сигурен дека О'Брајан лаже, не ќе беше важно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но никогаш не можеш да бидеш сигурен, се разбира, зашто луѓето се толку дволични.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А може ли да биде сигурен, кога ќе дојде нивното време, дека светот што ќе го создадат тие нема да биде исто толку ненаклонет кон него, Винстон Смит, колку што е ненаклонет светот на Партијата?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа значеше нешто посебно, иако никоја од жените тоа посебно не можеше да го дефинира во конкретно сознание, но беше важно со самото тоа дека таквиот статус ги охрабруваше „типките”, како што Илона ги нарекуваше своите „колешки” од другите соби, да бидат сигурни во контактите и договарањата со неа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
За ова не се пишуваше во весниците. Тие не брзаа да ги кажуваат работите без да бидат сигурни дека треба да ги кажат.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Да бидеш сигурна дека таму сè ќе помине добро.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Додека не бидам сигурен дека никој ноќеска кај нас нема да се провлече, нема да легнам да спијам - шипинки!
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
„До вечер ќе бидеме сигурни. Можеби ќе се измолкнеме крадешкум. Можеби ќе се спасиме.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
- Нека е по твоја желба, ама биди сигурен дека нема да видиш како ќе жалам... и тргни ми се од пред очи...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Бидејќи играта стана услов без кој нема реалност, тоа е причината поради која вие, за да бидете сигурни дека семејните настани се реални, ги ставате нив на видео.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Да се биде виден на екранот е современа дефиниција на она да се биде „стварно реален”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Слободата нуди многу прекрасни нешта, но таа не нуди едно нешто коешто е клучно за индивидуалната благосостојба, сигурноста - то ест да бидете сигурни во тоа дека она што го работите е правилно, дека одлуката што сте ја донеле не е погрешна.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Но како можете да бидете сигурен дека тој го направил?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Мислам дека во постмодерниот свет непрекинато сме на крстосница, такашто никогаш не можеме да бидеме сигурни дали крстосницата е зад нас.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
За да се стекнете со таквата сигурност имате потреба од авторитет кој е посилен од вашата самодоверба. 74 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
А: Дали го гледате натписот изгравиран одвнатре?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Постојат два вида толеранција.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не дека зборот “писмо” престанува да го означува означителот на означителот; тоа во една чудна светлина покажува дека “означителот на означителот” престанува да го дефинира акциденталното удвојување и секундарноста лишена од нејзините права.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таа мора да го стори ова не само поради тоа што сето она кое желбата сакаше да го оттргне од говорната игра одново се враќа во неа, туку и поради тоа што истовремено, и самиот говор се наоѓа загрозен во својот живот, изгубен, отсечен, поради тоа што повеќе нема граници, препуштен на сопствената конечност во истиот миг во кој изгледаше дека неговите граници се бришат, во истиот миг во кој престанува да биде сигурен во себе, опфатен и ограден од страна на бесконечното означено, кое изгледаше дека го надминува. 50 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Крв почна да ми капе по чинијата, врз кожата од пилето.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Додека го правев тоа, од устата на свекрва ми излегоа некои зборови помешани со малку храна, нешто како "А сега овде живееш и тука се јаде месо", ама не можам да бидам сигурна затоа што мислев само на тоа што требаше да го изедам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тие не можеле да бидат сигурни дали на тој начун "ќе ги спречеле Германците да ги употребат нив против Југославија и Грција" или со тоа тој мислел дека Македонците "би биле корисни, затоа што тие се родени диверзанти и терористи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Експертите биле многу јасни кога констатирале дека ако го прифатат предлогот на Рендел, тие не би можеле да се сигурни дали „поткупените Македонци би апстинирале да не работат против југословенските и грчките власти, кои се нивни природни непријатели, и дали би работеле против Германците".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Велеше: - Продолжиш ли да им ја кажуваш вистината на тие, кои малку се подруги од тебе, па нека се мали и понижени, онесреќени, ама малку подруги од тебе, па макар да ти се блиску по друштво и по мисла, доволно да си малку поумен од нив, тогаш биди сигурен дека тие истите ќе те замразат и толку долго ќе те кодошат, додека не те уништат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Јас некого запамтив, па дури и сега гледам смеа и подбив во некои очи и нека бидат сигурни дека ќе бидат преземени соодветни дисциплински мерки, а можеби, дури и многу строги.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Девојки! Запамтете... Ако вие не го убиете него, против кого сте ја впериле пушката, тогаш бидете сигурни дека тој вас ќе ве убие.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Да знаеш дека Изабел многу ќе се израдува поради оваа наша повторна средба и да бидеш сигурна дека ќе те чека во нашиот дом со чаша коњак стар стотина години, а со него таа послужува само специални гости и во специјални прилики.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Но бидете сигурни, Сталин еден ден ќе воскресне.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Бидете сигурни дека ќе истраеме на нашиот пат! - Ќе истраеме! – прифатија со аплауз водичите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Од каде, пак, можеме да бидеме сигурни дека „сепак, не се движат незабележано во наша близина?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Да, - рече таа, - неизоставно ќе ја ставиме во нашиот роман, биди сигурен.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Но, гемиџиите не можеле да бидат сигурни и да знаат што би можела да открие полицијата сега кога била потсетена дека во големите градови се подготвуваат атентати.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Татко ми ми објасни дека за секоја авионска несреќа телевизијата веднаш известува, бидејќи се ретки, па така, ми рече, да немаш гајле, биди сигурна, Ивана безбедно стои на земја веќе неколку дена, а тоа што не ти се јавува е друга работа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Објасни ми каде се случи настанот и јас ќе најдам, биди сигурна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- А, ако ти се случи нешто страшно? – прашав уплашено.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не беше друга. За мене тоа беше прва и најпрва работа на светот во тој момент.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)