биде (гл.) - слободен (прид.)

— А да ги налегнеме оние сто, — двесте души аскери во Витолишта, доста е само Толе со Мариовците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да разберат и тие дека треба сами да се запрегнат ако сакаат побрго да бидат слободни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе се расправиме со него во една ноќ и целата оваа територија ќе ни биде слободна. Не е мала. Сто квадратни километри.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Биди слободен, мајка Б'лгарија има еден залаг леб за вакви како нас. — Го утеши Јован и, откако се почестија сите, ги покани Толета и Митра кај него на гости додека се сместат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секој да има по некое пусатче со кое ќе може утре да тргне во нашата војска.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во сета оваа работа најважно е ова: видов дека скоро во секое село има бугарска полиција или бугарска војска“ и според него тоа “најдобро говори дали сака македонскиот народ да биде окупиран или да биде слободен“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но средната секогаш мораше да биде слободна, „за внукот“, како што велеше дедо Димо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Слободен сум од своето раѓање, можам да бидам слободен и од својата смрт, во истата таа смисла.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Песните го одрекоа она што го говореа Го искорнаа она што го мислеа Какво апсурдно однесување: Решиле да бидат слободни!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Или пак ќе умрат и ќе бидат слободни.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Не знам, ако бидам слободен, несигурно одговорив; размислував како да го расколебам за да се откажеме од овој фантомски живот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Забележано е и постои извештај испратен до комунистичкото високо раководство дека „непријателите на народното движење и народната борба ги учиме да ја сакаат ослободителната борба и за неа да работат и преку трудот да бидат слободни...“
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Или самото лудило е прекршување на законот?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Доколку не прекршуваат ниту еден закон, а не сакаат да бидат овде, тие имаат право да бидат слободни,“ рече Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие го пренесоа центарот на Револуционерната организација заедно со сите национално-политички прашања во Македонија за да бидат слободни во своите постапки од бугарската влада.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ми одговара вака, да бидам слободен, како птица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе бидам слободен да ви ја кажам својата историја. Може?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ќе бидеме слободни, некој ќе го ослободи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Каде е тој пајак? - Не знам, - признав, а во себе викнав: Пајо, побратиме каде си?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сепак...еднаш...еднаш ќе бидеме слободни.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Го сакам и јас, иако не го знам, - ми рече Додо. – И тебе Пупи Паф.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Штом ќе решите да признаете, - им рече, - ќе бидете слободни.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тие се преправаа, можеби дури и веруваа, дека дошле на власт без своја волја и за ограничено време и дека тука некаде зад првиот агол, се наоѓа рајот во кој човечките суштества ќе бидат слободни и еднакви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Се плашам да бидам слободна,“ ми рече.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Но од слободата, онаа која можеш да ја спечалиш, да ја освоиш, или да ја купиш, има нешто поопасно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Не ве разбирам. Ви се допаѓаше! Самите ми рековте дека е прекрасна. А сега ја отфрлате!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Кога ќе бидеш слободен, земи ја! Ја симнав од ѕидот! Фрли ја в оган!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Значи, слободен сум за час-два? - праша Коста. - Не! Веднаш тргнуваме за Елбасан!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Возејќи сега кон ешалоните што стојат построени, Коста ги преџвакува овие разговори и веста дека Нумо Дамовски е во Прењес и размислува што да направи наопаку за да го слушне од својот претпоставен она „Ај сиктер, паљопедо“22 и барем половина час да биде слободен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И како во дамнешната песна на „Уста на уста“, да бидам слободен секси тип. Без вратоврска, мобилка и визиран пасош.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Бележи како душата со леснотија се сели во други суштества: калинки, полжави, јајца, афион, бубачки и особено во ...птици.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И конечно ќе бидам слободен!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сѐ упропастуваш. Лесно е да си слободен како птица, биди слободен како човек.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Слободен сум од своето раѓање, можам да бидам слободен и од својата смрт, во истата таа смисла.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сакаа луѓето да бидат слободни при задоволувањето на своите поединечни интереси и воедно способни со своето размислување да посегнат и од другата страна на ова тесно подрачје.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Традициите се без моќ, а истото важи и за културата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Денес е јасно дека добија само половина од битката: деспотизмот е победен, но не е победено мракобесието. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 100
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така се создава низата на животот во која низа таа само уште наредново лето ќе биде слободна како пирнуга, а од следната есен со учење ќе ја надополнува низата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Неговите, пак, му рекле дека не мора да работи ништо, за да биде слободен да го заврши факултетот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)