Идејата е само да се стави фокус на вредностите “наспроти”: анаморфоза, асиметрија, одрази, 44 okno.mk маниризам, ако сакате, “хендикепираност” дури, не во смисла, се разбира, да ви пропаднат скалите, туку во една психолошка смисла, обидувајќи се во просторот наречен Дом (Куќа) да помирите наизглед диспаратни нешта: потребата за сигурност и потребата од стимулација; потребата од мир и потребата за една креативна провокација; потребата од засолниште пред виорите од информации со потребата да бидете тотално “приштекани” на информатичките канали...
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)