Во станот во Њујорк Јоже често идел да биде близу до другар му Фидел да пафкаат пури со американки а потоа в Белград со млади комуњарки Јоже се прочу ко курвар, пробисвет бркал и црнки од третиот свет на кенијка млада ѝ посеа семе се роди ново кумровачко племе
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Полека му се приближував, а еднаш го повикав да си играат нашите сенки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Бубуш можеби дојде во Поградец да биде поблизу до својата сакана сестра Ервехе.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Така семејството по Втората светска војна ќе се пресели во Скопје и ќе живееме крај реката Вардар, веројатно, со рустата таткова надеж, да бидеме поблизу до морето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Дотогаш се плашев да им се приближам на другите деца (брат ми Зигмунд за мене никогаш не беше дете), некоја чудна непријатност ме облеваше дури и од присуството на моите сестри, ама уште кога го видов Рајнер, сакав да бидам близу до него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)