Пред да се соберат сите а и потоа, за време на вечерата, Аргир се ломеше и мачеше - бараше начин и збор како да им каже на работниците дека утре нема да бидат веќе на работа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Јас бев исправен пред себеси во огледалата што ме пренесуваа во бесконечност и со испружени раце ја барав Ема во огромната празнина.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Ќе ја напуштам оваа ќелија. Никогаш веќе нема да ме сретнеш, нема да бидеме веќе никогаш заедно,“ ѝ велев и со испружени раце ја барав низ собата, внимавајќи да не се сплеткам меѓу огледалата кои се движеа и постојано се вртеа кон мене.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ќе бидеш веќе голема, гимназијалка.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
На другите свадби, кога ќе бидеш веќе мажена, можеш и да се опуштиш, а сега не.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Не, ти не смееш да бидеш веќе таков, ќе продолжи како виновник.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Но, за три или пет години, да речеме, HRE ќе бидат веќе тука.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Си реков, кога ќе ја видам оваа длабнатинка ќе се сетам на овој ден.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Си мислам дека Дејан утре ќе си оди, ќе го видам без завој, нема да бидеме веќе исти.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А до третата ноќ Тате можеби ќе биде тука на тремот сѐ дотогаш додека ние не бидеме веќе одамна подготвени за спиење, и тогаш ќе ја чујам Мама како го повикува да влезе, речиси исто така како кога мене понекогаш ме повикува од улицата.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)