„Кога ќе докажам, запомни, ќе биде доцна да го одбраниш крадецот.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Или од црните потони на мојата крв ќе избликнат непознати желби, и ќе биде доцна кога ќе излезат, никогаш веќе не ќе можам да мислам дека се мртви или остинати, и никогаш веќе не ќе бидам она што сум бил.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Ќе дојдам кога ќе докажеш дека пушката ја зел Онисифор Мечкојад.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш не ќе можеш да ми преречеш, ниту јас ќе можам да ти го доречам она што секогаш го бараше од мене, оти тогаш ќе биде доцна за сѐ.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Париз е мелница... Колку што градот е убав и ти пружа убавини и пријатни доживувања толку може и да те сомеле и духовно изобличи и додека го сватиш тоа да биде доцна.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Нешто, длабоко во мојата подсвест како да ме тераше да патуваме, како да нема повеќе време, на есен можеби ќе биде доцна…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)