- Па, на таван е, Зоки! Кој петел не би сакал да биде надвор?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Денот беше топол. И беше големо задоволство да се биде надвор.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Да бидеш надвор значи да останеш жив, но цената се плаќа со удвоен страв: страв за семејството, за пријателите, за градот, за “емоционалниот имот”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
- Не продавај ми шикли за ореви, вели, не сакам и дома да бидам надвор.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Поседовме уште малку во слаткарницата и станавме, зашто веќе беше темно, а девојчињата не ги пуштаат да бидат надвор до многу доцна.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Му се чинеше и повисоко одошто е, кога уште ќе замислеше дека горе, изделено од рајата, е сѐ што вреди, седиштето на валијатот, уќуматот, беледието, а заградени од ѕидиштата се и сите големци на градов, нивните куќи и сараи, богатствата, анамите и слугите, а покрај нив војниците, магазите со жито, складиштата на муниција, топовите, ѓулињата, јаничарите и нивниот јаничарски началник, што го викаат коџа-ага, па јузбашата, церибашата, дури и спахискиот ќаја е тука, ама и големиот мула не може да биде надвор од ова место, зашто нему му даваат дваесет ќесиња годишно.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А тој, цело време да ти биде надвор и да нѐ гледа одозгора.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)