биде (гл.) - подобро (прил.)

За поминатото време искажувам благодарност, но секогаш ќе се прашувам дали се беше залудно и можеше ли да биде подобро.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Божемски, ќе му биде подобро. На кого му солат памет?
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Но од лековите ќе му биде подобро.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Што ме гледате така глупаво. Не читате весници, господине, весници, а ако сакате да останете кај мене во служба ќе морате да бидете подобро информирани.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Добро, одвраќаше стариот, белки во новите гробишта ќе му биде подобро.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Сигурно им е подобро,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Пред да заминат им рекле дека таму ќе им биде подобро.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Она, што не му е времето, ќе биде подобро да не го бркаш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Благодари му на Господа што се извлече толку лесно од оној овчеполски порој и престани да грешиш".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Толку знаат, му велам да знаат повеќе и за нив ќе биде подобро. Тие не знаат што да сакаат, велам. Тие никого не сакаат, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)