И сега, наместо да ѝ биде полесно, кога змијата си заминала, Рози многу посилно го чувствуваше нејзиното присуство.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Може под ист покрив ќе ни биде полесно, ми рече. 196
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Таму, ви рековме, и фашизмот го издржавме со козите, а во социјализмот, како што велите, би требало да биде полесно...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кажи: имаш потреба да се скриеш
од сѐ и од секого,
ништо и никој да не те гледа,
така ќе ти биде полесно
да излезеш на крај
конечно на крај
на светот
но барем кажи:
тогаш сфаќам дека
се претворам во некого друг
налик на говорна фигура,
и се гледам со очите на другиот
и не сум сама, не сум јас ...
кажи - очите на јазикот дебнат
саноќ, дебнат везден
јазикот е видовит
гата, прорекува и се провлекува
отаде времето
кога му се испушта да каже
нешто што не треба
кажи: јазикот не е само јазик!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ели скоро воопшто не се сеќаваше на мама и нејзе сето тоа ќе ѝ биде полесно, само ако Вера биде добра.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)