Мене би можело да ми биде сеедно што мисли тој кога јас добро знам дека не сум умрен, но како што е сомнителна неговата претпоставка, така е сомнителна и мојата.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ако таа Атиџе, досега за нас непозната, воопшто ти е достојна, а мора да е, покрај сите овие твои трогателни мечти за неа, тогаш и таа ќе го мисли истото, и ќе ѝ биде сеедно дали е муслиманка или рисјанка”.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)