Зошто да бидат токму сиџилите?
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кога за ова прашање дискутираше со своите пријатели од младоста, во еден друг систем на верувања, дискусиите беа жешки, но се чинеше како сите да се согласуваат дека секој е кројач на својата судбина и искрено веруваа дека нивните животи ќе бидат токму онакви какви што тие ќе ги направат.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тој не можеше да си позволи себеси да биде токму оној дел од сета таа спалавена и разврзана работа, што ќе попушти, што не ќе додржи до крајот, што ќе откаже.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше крајот на јануари и тој отсекогаш знаел дека то со волците морало да биде токму вакво.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше злостор пред виделината, што тие нему мораа да му бидат токму такви.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Проклет да бидам токму по еден таков празничен ден другарката Оливера Срезоска остана без своите најмили гаќички.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Со други зборови, компјутерите се способни да синтетизираат алтернативни светови пројоцирајќи ги од алгоритми, т.е. од симболите на калкулативното мислење, коишто можат да бидат токму онолку конкретни колку што е конкретен светот во кој живееме.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Божем она што помогнала таа да се случи морало да биде токму така и никако поинаку.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Сестра ти, што да кријам, да знеш само како ми ја бришеше тагата. Со каква умешност.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)