Ете зошто некое општествено движење втемелено врз геј-идентитет дефиниран преку исклучиво упатување на геј-луѓето – со неговите центри и организации на ЛГБТК заедницата, со неговите лезбијски списанија и романи и филмови и популарна музика и телевизиски емисии и кабелски канали, со неговите маала, барови, клубови, одморалишта и цркви, со неговите политички претставници, водачи, гласноговорници и лобисти за човекови права и улични маршови и демонстрации, со неговите теориски и академски пресврти, историски откритија, универзитетски предмети, истражувачки полиња – ете зошто, велам, сета таа комерцијална, политичка и културна инфраструктура на геј-идентитетот е вечно разочарување и прави многумина припадници на неговото тело да бидат трајно незадоволни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Од другиве излети главно нема фотографии зашто се инкриминирачки и можат индискретно да се искористат за јавна бламажа, или тајна уцена па, секако, е подобро да не паѓаш во транс, па да документираш нешто што може да биде сѐ само не да биде трајно... па, нели излет се вика?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)