бил (гл.) - жртва (имн.)

Климент Камилски најпосле со свечен глас како пред амфитеатар, во кој единствен слушател беше Татко се огласи: Додека престојував во Франција, Шпанија, Белгија, на Запад, често ги слушав предрасудите за нашиот Балкан, посебно беа нагласени тие од доменот на јазикот: сме ти биле разделени со голем број неразбирливи јазици, наречја, дијалекти, недовршени идиоми, сме ти биле жртва на најсилното пророштво на Вавилон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа пукна брука дека за рестрикција на хомосексуалните права гласале припадниците на малцинските групи што и самите во минатото биле жртва на репресија: црнечките протестанти и хиспаноамериканските католици.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Овде младите се воведувале во читање, пишување, проучување на исламот и воените вештини.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Другарот Чапаев продолжи: - Ние, малите народи, стари и понови на Балканот, отсекогаш сме биле жртви на големите апетити на империите, од најстарите па сѐ до новите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Какви и колку патишта на јагулите прекинала изградбата на „Беломорканалот”, каде што доаѓале угледни личности на времето да се восхитуваат на успехот да ја слават работната победа на тие што биле жртви на трудот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Подоцна се сфати дека сум бил жртва на женската жестокост.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зборот добива посебна историја и значење во времето на султанот Мурат I (дом на младите, неискусните) во рамките на јаничарскиот оџак, кога христијанските деца биле жртви на данокот на души ( tribut d mes).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)