Како најкарактеристична заемка го истакна зборот сој, со значење род, племе, потекло, сорта (од турскиот збор soy); лагаб, прекар, односно фамилијарно име, со потекло од арапскиот збор lgab; арка, грб, протекција (во преносна смисла), заштита, со честа употреба во балканските јазици (турски arka); евлад, чедо, дете (од арапски evld), дост, пријател (персиски dost), душман, непријател, противник (од персиски dmen),на новогрчки dusmanis, во иста форма и во другите балкански јазици; асија, крвен непријател, од арапски si; кардаш, брат, другар, од турски karda; јаран, пријател и другар, но и љубовник, еквивалентен збор на оваа турска заемка би бил зборот побратим, како и посестрима; јолдаш, и овој збор се употребува со значење на другар, сопатник, пријател, од турски jolda Камилски внимателно и трпеливо го следеше Татковото реферирање на турските заемки за коишто беше задолжен, очекувајќи да ги назначи неподобните, но неговиот избор како да одеше во обратна насока.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко ги истакнуваше зборовите кои со векови опстанале во балканските јазици, не можејќи да бидат истиснати од нови зборови и сметаше дека на листата треба да бидат истакнати тие зборови, што беше во спротивност со првичната концепција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Првиот назив за ќерпичот бил зборот adobe, од арапски at tub, со значење at tub, со значење цигла од кал.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Поимот adobe потекнува од средноегипетскиот збор dj-b-t кал (на сонце сушена цигла), којшто на коптски ќе стане tobe.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Човек, раскажувајќи ги, ако не земе да ги сведе под знакот на една, на онаа, главната, за ропството и за борбата против поробувачите лесно може да се заталка во раскажувањето и да се заборави што зборувал, односно да заборави што раскажувал и кој му бил зборот, па слушателот да си отиде од него со уверување дека си го изгубил времето слушајќи некого кој ниту знаел да раскажува ниту што раскажува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ама за тоа ли ти бил зборот?! Речи ти колку сакаш... Пет... десет!...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)