Оф јас сиромав само со умот што се богатеам, оти уште еднаш јас ќе било касмет да си одам, ами види го тоа широко море: до кај јас да се вратам уште еднаш назад, овде коски ќе окапам и друго ништо“.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Поразговара уште нешто со нив; ги нарече баби што им служат на агите, но и сам знаеше дека инаку не може да биде, па почна да ги сожалува: – Таков ви бил касметот; браќа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
ПОЦКО: (По него.) Ти бил касмет, чорбаџи Давадосе!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: (Излегувајќи од врбјакот со кутијата в рака.) Еве ме, одвај ја најдов кутијава.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)