Со зимски ненадеен удар, востаниците го исчистиле градот од заптии, од чалми и султански пушки, и откажале покорност на отоманијата, и ја одрекнале власта со сите права на грабеж и терор врз градот и врз планините околу него, над домовите и над бачилата, и чекајќи ја големата битка со аскерот што се натрапувал наоколу, испратиле на сите страни гласници и читачи на Манифестот, со кој се повикуваат на борба сите поробени, поточно тоа биле момчиња под шеснаесет години за кои било смислено, во случај на повторно паѓање на градот под власт на јатаган, војнички и башибозучки, да се спасат од крвави одмазди за да го продолжат коленото на другите, утре не живи и поробени туку мртви и слободни.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Фелоус им посветува обемна, речовита и богато поткрепена книга, Страст за зачувување (2004), на „геј-мажите како чувари на културата“.
Како и јас, Фелоус сака да ги истражи разновидните начини на кои геј-мажите се разликуваат од стрејт-мажите, начини што – како љубовта кон бродвејските мјузикли – одат подалеку од сексуалното однесување и честопати се пројавуваат уште во раното детство, години пред сексуалната ориентација да се изрази преку конкретниот облик на сексуална активност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во таквите дејности спаѓаат историското конзерваторство, старинарството, реставрацијата на архитектурата, внатрешното уредување, модата и стилот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
(Мајка ѝ на Џоан Крафорд, инаку, навистина дома перела туѓи алишта некое време кога растела Џоан.)
Многумина геј-мажи велат дека имале такви семејни романси кога биле момчиња: убедени биле дека се исклучителни суштества што не се во никакво сродство со билмеското, грубијанско, простачко друштво околу нив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто секогаш ќе си бидеш обична пачавра, од татко што живеел над пилјара и од мајка перачка.“
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Еднаш отишол дедо Доне да го посети, но прадедо ми не си го познал синот (мојот дедо) бидејќи кога го оставил тој бил момче, а кога по долго време го видел тој веќе станал маж.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Наместо да работат на поле или да поправаат земјоделска механизација, повеќе сакале да работат низ куќа, а на многумина од нив тоа добро им одело: бавчанџиство, готвење, правење зимница, редење цвеќе, украсување, шиење и други работи со игла.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во текот на истражувањето за една претходна книга, Момци земјоделци, за геј-мажите од рурално потекло,332 Фелоус забележа дека „беше изразена несообразноста со родовите улоги“ во голем број од животните приказни што ги собрал, особено во нивните рани поглавја.333
Кога биле момченца, повеќето мажи со кои разговарав особено ги привлекувале работи што биле надвор од опсегот на активностите кои се одобрувале за машките.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)