Кога го прашав тоа попладне татко ти зошто се однесе така, зошто го избегна разговорот со жената, ми објасни дека тоа не му била намерата. Тој никогаш ништо не избегнувал.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дури кога ибн Тајко му се придружи на народот, разбра дека тука се гради црквата Свети Димитрија, сега наново: амамот на Даут-паша, што овој го изградил со лично свои пари, на нејзиното старо место, уривајќи ја, никако не успевал да ги привлече досега капачите, уште помалку пак, да го надмине Чифте-амамот како што отпрвин му била намера. А толку убав амам!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)