Дозволуваш едно сомнение да ти искорне и убие една убавина, една вера во кои ти биле очите и срцето...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Мирон Донски продолжи да чита и да врти со главата, како знак на несогласување, па продолжи: - Колега, колега Палигоров, кај ви биле очите?
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Старецот имаше светечки лик. Затоа се срамев пред врсниците и се плашев да погледнам во чии и да било очи како сега. Затоа рано созреав.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)