Ваквите информции биле причина Министерството за надворешни работи на Велика Британија да побара од својот претставник кај Фицрој Маклин да го извести претседателот на НКОЈ Јосип Броз Тито за загриженоста на Британците во врска со активностите во Македонија, предупредувајќи го да внимава “да не биде вовлечен во настаните во Грција“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Колку ли пати пресилните зборови биле причина за братоубиствени војни во балканската историја?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Клерот најчесто и во поголем дел бил од странско потекло. Клерот бил причина за делби.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сега ја замислуваше Рози мртва и не беше потрсен од тоа што таа беше мртва или од фактот дека тој бил причина за нејзината смрт.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Се бранувала, силно удирала и гребела во него, како тој да бил причината за сите нејзини неволи и фрустрации, и не се смирувала сѐ додека не го расчистела својот пат.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Посетите кај мене беа забранети за да се намали на минимум факторот возбуда од каква било причина, но успеваа да ми протнат исушено цвеќенце со „волшебна моќ“ и вода од Урошевац во пивско шише со кончиња што носат среќа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Па расплетоа како се запознале по првите неуспешни брачни обиди, со по еден куп деца покрај себе и како децата биле причина да се засакаат и да заодат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тешко може да се поверува дека атентатите навистина биле причина владите што го симпатизирале македонското движење (најверојатно се мисли на Франција, на Англија, а можеби и на Италија), да им се придружат на оние влади што барале што поскоро и што поефикасно да се задуши востанието.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Други велеа дека друга била причината: неиздржливо било вршењето на брачните работи со него бидејќи имал орган неприроден, животински.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но кога наближа до неа, го позабави чекорот. Ѝ се стори дека Марија сака да ја избегне оваа средба. Која би била причината за тоа?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Меѓутоа, кога неговите настојувања останале без некој повидлив резултат, пролетта 1941 година тој изнел предлог традиционалните разузнавачки оддели при Владата и при војската да се реорганизираат така што да одговорат на предизвиците на нацијата и да се напушти практиката претседателот да интервенира во нивните меѓусебни недоразбирања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тој, пред сѐ, се вознемирил од „развојот на настаните, кои ја покажувале намерата на Советската влада за доминантно влијание на Балканот“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од своја страна, и новиот Заеднички генералштаб (Joint Chiefs of staff - JCS) во почетокот го споделувал истото чувство на недоверба спрема Донован, бидејќи бил надворешно граѓанско лице, а не претставник од војската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Сè позачестените дописи од страна на дипломатско-конзуларните претставништва на Велика Британија дека СССР веќе размислува и дејствува во однос на редефинирањето на повоените граници биле причина британскиот министер за надворешни работи, Антони Идн, во средината на 1944 година, на овој проблем да му пристапи со сета сериозност, бидејќи тоа ги загрозувало интересите на Велика Британија на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но по навестувањата за можноста од нова војна, кон крајот на триесеттите години стравот во Америка од фашизмот и од „комунистичката петта колона“ бил причина Франклин Делано Рузвелт да се заложи за поголема координација на разузнавачките оддели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Несомнено, харизматичниот Донован и неговата канцеларија, со буџет од десет милиона долари и со 600 службеници, биле причина за непријателство од страна на ФБИ, Г-2 и од други воени разузнавачки служби.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Многу е укажувачко она признание, дадено без присила, дека пред да одлучи да влезе во дворот ја проучувал околината: патиштата, влезот во куќата, височината на ѕидот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Лукава му е идејата да бара од обвинетиот повеќепати да опише кои биле причините трипати да влегува во мојот двор.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Веројатно сето тоа не го правел самиот: без поуки, без совети!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
(Не ми паѓаше тогаш на памет дека некакви во мене присутни самоомраза и интернализирана хомофобија можеби биле причината за праведната одбивност што ја чувствував кон нивната самоомраза и хомофобија или кон она што мене ми изгледало така.)39
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бузо не кажа која била причината што го натерала Едноокиот Полип на таква гнасна и нечесна акција; Ѓеле донекаде ја објасни причината зошто сите на бродот не се согласиле со капетанот и енергично се побуниле против неговата желба, но требаше повеќе и поубаво да ги објасни и расветли душата и срцето на тие луѓе; Васе доста лесно мина преку храброста и смелоста на оној што со маки ги раскинал јажињата и го ставил на коцка својот млад живот; Марко не го протолкува и не кажа ништо за крајот на приказната.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Измислете каква било причина. Само гледајте да биде убедителна.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Имено, штетата настаната во врска со опасен предмет, односно опасна дејност, се смета дека произлегува од тој предмет, односно дејност – освен ако се докаже дека тие не биле причина за штетата (чл. 159, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
2. Телесната повреда се квалификува како „тешка“ ако некому тешко му е нарушено здравјето и поради тоа ќе биде доведен во опасност животот на повредениот; или ќе му биде уништен или трајно и во значителна мера ослабен некој важен дел од телото или 202 некој важен орган; или ќе биде предизвикана трајна неспособност за работа воопшто или за работата за која е оспособен; или трајно и тешко ќе му биде нарушено неговото здравје или ќе биде нагрден (в. чл. 131, ст.3sq од КЗ). 3. Поради тоа што оваа машина работи под напон [на електричен погон] и под висок притисок има правен третман на „опасна ствар“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)