Тој бил противник на каква било форма на балканска федерација и самиот настојувал „да спречи групирање на малите социјалистички држави, да се оневозможи тие во заедница да се грижат за својата независност и суверенитет, да останат така самите за себе изолирани едни од други, без потпора една на друга и секоја да го положи својот суверенитет и својата независност во рацете на советската влада под нејзин протекторат.“ 359
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во тој контекст бил и коментарот во весникот „Њујорк тајмс“ од 13 април 1941 година, во кој се критикувала дотогашната нерешителна американска политика на Балканот, пред сѐ во однос на Кралството Југославија, а се состоела од празни „дипломатски ветувања, без никаква можност САД директно да помогнат во испраќањето воена помош на југословенската војска“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Стравот произлегувал од можноста таквиот развој на настаните на Балканот, каде што од мај 1941 година немало ниту еден британски војник, да го зајакне излолационизмот кај оној дел од американската јавност што бил противник на инволвирањето на САД во војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Преку создавање клима на страв и притисок, властите сакале да ја натераат Организацијата на повлекување и да ги охрабрат сите оние што биле противници на револуционерните акции.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Сите големи сили биле категорички против нарушувањето на статус-квото во Македонија, т.е. биле против било какви посериозни промени во овој дел од Балканот и со самото тоа, повеќе или помалку, биле противници на македонското револуционерно движење.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)