Ги поттикнав да ми помогнат да разберам како биле вовлечени во оваа форма на реагирање во конфликтни ситуации, и да го идентификуваат развојот на таквиот начин на комуникација.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Дали некогаш порано биле сведоци на такво однесување?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тука е од старо време; поминал живот со неколку генерации, бил сведок на сѐ што се случувало во семејството: регистрирал многу раѓања и многу умирања.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Многупати сум бил сведок на челни луѓе (и на аспиранти за челна позиција) во театарот, како и на актери, режисери и други кои, благодарејќи на вроден недостаток, не можат да кажат кога жанрот е чист, а кога е меланж.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тие биле сведоци на дивата пропаганда што ја воделе соседните држави за придобивање на душата на македонскиот човек, но се задоволувале главно со тоа што го констатирале тој факт и што припадноста на Македонците кон црковните пропаганди ја сметале како припадност кон “партии“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тогаш ми кажа дека утредента ќе дојдел човекот кој бил сведок на погибијата од нејзиниот девер, а помал брат на дедо Петре.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Секако дека присуството на британските воени мисии на териториите на Албанија и на Грција, кои се движеле во пограничните подрачја со Македонија и биле сведоци на борбите на партизанските единици со Италијанците, Германците и Бугарите, имало влијание да се побара испраќање воени мисии во Македонија во единиците на НОВ и ПОМ, за да можат да се запознаат со сето она што се случувало на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Успехот на единиците на Црвената армија на Источниот фронт, како и напредувањето на британските и американските единици на сите фронтови во текот на 1943 година го навестуваа поразот на коалицијата која се стремела кон "Новиот поредок".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
„д.в.а“ Во својот особено вреден труд за траумата, психологот Robert Jay Lifton го идентификува преживеаниот како „оној што ја сретнал, бил изложен или бил сведок на смрт и успеал да преживее“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во овој есеј, сакам да ја теоретизирам деструкциската уметност во термините на нејзиниот сурвивалистички дискурс, како и контекстуализацијата на нејзиниот историски проект.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сега, помислувам дека и јас сум бил сведок на таа борба.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Малкумина успеале да дојдат до брегот на морето и со чамци да избегаат и тие биле сведоци на она што станало.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)