(Неговата уметност била дијалектика помеѓу сонот од детството и зрелите општествени цели.)
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
- Сме сониле еден сон? Или не бил сон туку најаве?
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Татарите го научија Бојс како да создаде сопствена топлина и присност - како да се доближи до себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Проклет да бидам, каква страшна болест беше ти бил сонот, најголема.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Јурејќи со коњот, Илко падна, удри со главата в земја и се разбуди. Виде дека тоа било сон.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Некои од тие идеи неочекувано му се губеа, како да биле сон, опоменувајќи го па дури и заплашувајќи го дека не треба да одлага да седне да пишува.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Можеби ја преувеличал својата болка - можеби сето било сон, како што била и неговата фантазија за овчарот, уште еден пример на самоизмама во поглед на злоделата на неговите родители, а не на она што тие навистина го направиле. 96 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
А еве Јон не е војник, и сѐ било мижи да те лажам, ветер во вреќа биле соништата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)